• среда, 18 декември 2024

Руски „Росњефт“ и индискиот „Релајенс“ потпишаа голем договор за снабдување со нафта

Руски „Росњефт“ и индискиот „Релајенс“ потпишаа голем договор за снабдување со нафта

Москва/ Њу Делхи, 12 декември 2024 (МИА) – Руската енергетска компанија Росњефт и индискиот конгломерат Релајнс (Reliance) го потпишаа најголемиот договор за снабдување со нафта во историјата на двете земји, пишува Тајмс оф Индија, цитирајќи три упатени извори.

Според договорот, Росњефт почнувајќи од јануари 2025 ќе и испорачува на Индија 500.000 барели сурова нафта на ден, а снабдувањето ќе трае најмалку 10 години.

Десетгодишниот договор претставува 0,5 отсто од глобалното снабдување со нафта и вреди околу 13 милијарди долари годишно по денешни цени. јт/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан