• сабота, 23 ноември 2024

Руски нуркачи го испитуваат мостот на Крим по експлозијата

Руски нуркачи го испитуваат мостот на Крим по експлозијата
Москва, 9 октомври 2022 (МИА) - Руските нуркачи денеска од морето го испитуваат мостот на Крим, клучна инфраструктура што ја поврзува Русија со анектираниот полуостров на Црното Море, кој беше оштетен во голема експлозија во саботата наутро.
Локалниот функционер Марат Хуснулин изјави дека првите резултати од подводното тестирање се очекуваат денеска.
Патниот и железничкиот сообраќај продолжи во саботата неколку часа по експлозијата која оштети дел од мостот. Мостот беше отворен во 2018 година од страна на рускиот претседател Владимир Путин.
Руското Министерство за транспорт денеска соопшти дека патничките возови од Крим до Русија сообраќаат според вообичаениот возен ред.
Помеѓу копното Русија и полуостровот се поставени и траекти.
Руските власти објавија дека во експлозијата на камион-бомба, во сопственост на жители на руската област Краснодар, загинаа три лица.
Русија не ја обвини Украина за нападот, а украинските власти не презедоа одговорност. паг/

Остани поврзан