Руски напад врз Суми: Најмалку 21 загинат и 83 повредени, меѓу нив и деца
- „Истражители и форензичари се наоѓаат на местото на нападот, собираат докази и го документираат ова брутално воено злосторство извршено од Руската Федерација врз цивилното население“, соопшти Државната служба за вонредни ситуации на Украина.

Киев, 13 април 2025 (МИА) - Најмалку 21 лице загина, а 83 се повредени, меѓу кои и седум деца во во утринскиот напад врз градот Суми, покажуваат најновите податоци на украинското Министерство за внатрешни работи и Државната служба за вонредни ситуации.
„Се работи за прелиминарни податоци, а меѓу повредените има луѓе кои се наоѓале „на улица, во автомобили, јавен превоз или во своите домови“, се наведува во објавата на Телеграм.
Итните служби информираат дека се на терен и дека се активирани кризни тимови за помош на преживеаните, вклучително и психолошка поддршка.
„Истражители и форензичари се наоѓаат на местото на нападот, собираат докази и го документираат ова брутално воено злосторство извршено од Руската Федерација врз цивилното население“, соопшти Државната служба за вонредни ситуации на Украина. ссм/
фото: ЕПА