• среда, 25 декември 2024

Руски министер за земјоделство: Москва бесплатно испрати 200.000 тони жито на шест африкански земји

Руски министер за земјоделство: Москва бесплатно испрати 200.000 тони жито на шест африкански земји

Москва, 21 февруари 2024 (МИА) - Рускиот министер за земјоделство Дмитри Патрушев изјави дека Москва бесплатно испратила 200.000 тони жито во шест африкански земји, како што ветил претседателот Владимир Путин во јуни.

Русија даде по 50.000 тони на Централноафриканската Република и Сомалија, а по 25.000 тони на Мали, Буркина Фасо, Зимбабве и Еритреја, прецизираше Патрушев на средбата со Путин.

Рускиот лидер го вети житото на состанокот со африканските лидери во јуни, откако Русија се повлече од договорот што и дозволуваше на Украина да извезува жито од пристаништата во Црното Море. Договорот, познат како Црноморска иницијатива за жито, доведе до пад на цените на глобалниот пазар, но Путин тврди дека земјите на кои им е најпотребно - не го добиваат житото.

Патрушев дополни дека Русија во сезоната 2023/2024. планира да извезе до 70 милиони тони жито. Минатата година се извезени 66 милиони тони во вредност од речиси 16,5 милијарди долари, додаде тој. ссм/

фото: архива

Остани поврзан