• вторник, 12 ноември 2024

Руски ловци пресретнаа американски бомбардери над Баренцовото Море, според руското МО

Руски ловци пресретнаа американски бомбардери над Баренцовото Море, според руското МО

Москва, 21 јули 2024 (МИА) - Руски борбени авиони МиГ-29 и МиГ-31 пресретнаа американски стратешки бомбардери Б-52Х кои се приближувале до државната граница над Баренцовото Море, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

„Руските системи за контрола на воздушниот простор над Баренцовото Море открија групна воздушна цел која се приближуваше до државната граница на Руската Федерација. Со цел да се идентификува воздушната цел и да се спречи нарушување на државната граница на Руската Федерација, лансирани се ловци МиГ-29 и МиГ-31 од составот на дежурните сили противвоздушна одбрана“, се вели во соопштението, а пренесува руска новинска агенција.

Руските ловци летаа строго во согласност со меѓународните правила за користење на воздушниот простор над неутрални води и во согласност со безбедносните мерки, се вели во соопштението. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан