• среда, 25 декември 2024

Руски државни медиуми: Ако има нуклеарна војна, Русите ќе одат во рајот

Руски државни медиуми: Ако има нуклеарна војна, Русите ќе одат во рајот
Москва, 28 април 2022 (МИА) - Маргарита Симоњан, главна уредничка на руската државна телевизија на англиски јазик, „Раша тудеј“ (Russia Today), и нејзиниот колега Владимир Соловјов на, според многумина, контроверзен начин истакнаа дека нивната држава е праведната страна во руско-украинската војна. - Тие ни објавија војна. Што уште чекаме? Ќе треба да спроведеме специјална операција за демилитаризација на НАТО, а тоа можеби нема да биде лесно, истакна Симоњан. Нејзиниот ководител се согласи дека тоа може да води и кон нуклеарна војна. - Ако решат да ја поддржат Украина, иако (рускиот министер за надворешни работи) Сергеј Лавров им рече дека тоа може да доведе до трета светска војна, ништо нема да ги спречи. Тие решија да играат на големо... Ова се копилиња без морал... Или ќе загубиме во Украина или ќе почне трета светска војна, нагласи тој. https://twitter.com/i/status/1519417943955808257 Симоњан продолжи со својот апокалиптичен тон за можната нуклеарна војна. - На мој ужас од една страна, а од друга страна, со разбирање дека состојбата е таква каква што е, додаде таа. Притоа, Соловјов, со доза фанатизам додаде: „Но, ние ќе одиме во рајот. А, нив (противниците) едноставно ќе ги снема.  си/ми/

Остани поврзан