• четврток, 26 декември 2024

Руски воени бродови впловија во Црвено Море

Руски воени бродови впловија во Црвено Море

Москва, 28 март 2024 (МИА) – Руски воени бродови од Пацифичката флота го преминаа теснецот Баб-ел-Мандеб и влегоа во Црвеното Море, објави државната новинска агенција Тасс.

Флотата е составена од крстосувачот „Варјаг“ и фрегатата „Маршал Шапошников“.

- Бродовите ги извршуваат поставените задачи во рамките на поморската кампања на долг дострел, се наведува во соопштението, но не е наведена крајната дестинација на бродовите, ниту пак причината поради која Русија ги испратила бродовите во регионот.

Хутите со месеци вршат напади врз бродови во Црвено Море како одмазда за израелските воени акции во Појасот Газа, принудувајќи многу бродови да ги пренасочат патувањата. Но, Хутите претходно соопштија дека бродови на Кина и на Русија можат да пловат низ Црвено Море и Аденски Залив и оти нема да бидат нападнати. Во замена, тие побараа Кина и Русија да им дадат политичка поддршка на Хутите во Советот за безбедност на Обединетите нации. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан