• сабота, 23 ноември 2024

Руските трговски центри загубија 3,4 милијарди долари оваа година

Руските трговски центри загубија 3,4 милијарди долари оваа година
Москва, 24 декември 2020 (МИА) - Вкупните приходи на трговските центри во Русија се помали за 3,4 милијарди долари во 2020 година поради пандемијата на коронавирус, изјави денеска претседателот на Рускиот совет на трговски центри, Дмитриј Москаленко. - Според нашите проценки, падот на приходите за време на периодот на карантин и потоа беше околу 3,4 милијарди долари, рече Москаленко. Во првите три или четири месеци приходите беа помали за 80 до 100 проценти, а тешко дека постои трговски центар што имаше помалку од 25 проценти загуби, пренесува ТАСС. Одложени се и роковите за изградба на многу трговски центри, што ќе го одложи нивното отворање. паг/      

Остани поврзан