• вторник, 08 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Руските сили уништиле своја брана во близина на границата со Украина

Руските сили уништиле своја брана во близина на границата со Украина

Киев, 2 април 2025 (МИА) – Руската војска се чини дека уништила една од своите брани во пограничниот регион Белгород користејќи воздушна бомба, пренесе ДПА повикувајќи се на воени набљудувачи.

Видео кое кружи на социјалните мрежи наводно го покажува моментот на напад со експлозивна направа која се проценува дека тежи три тони.

Нападот се случил во близина на селото Поповка, на само неколку стотини метри од украинската граница, и се верува дека е обид да се блокира движењето на тешките украински оклопни возила.

Украина се обидува да ги засили своите прекугранични напади во регионот на Белгород. Киев допрва треба јавно да ги коментира извештаите дека украински војници се обидуваат да влезат во Белгород. Руското Министерство за одбрана тврди дека нивните сили ги одбиваат нападите.

Во соседниот руски регион Курск, украинските сили окупираа голема област неколку месеци, но неодамна се повлекоа од поголемиот дел од територијата. јт/

Фото: Х скриншот

Остани поврзан