• среда, 27 ноември 2024

Руските сили го гранатираат Северодоњецк

Руските сили го гранатираат Северодоњецк
Киев, 6 април 2022 (МИА) - Гувернерот на Луганск, Серхи Хајдаи на социјалните мрежи објави дека во град Северодоњецк е под напад на руските сили и оти горат десет облакодери. Тој додаде дека нема информации за жртвите. Северодоњецк е привремено седиште на регионалната власт на Луганск, откако истоимениот град е под контрола на проруските сепаратисти. Северодоњецк, кој пред војната имаше повеќе од 100.000 жители, е најисточен град под контрола на украинската армија. ми/

Остани поврзан