• среда, 27 ноември 2024

Руските напади го оставија Покровск без вода и гас

Руските напади го оставија Покровск без вода и гас

Киев, 12 септември 2024 (МИА) – Руските напади го прекинаа снабдувањето со гас и вода во градот Покровск, во Доњецката област, изјави денеска украинскиот гувернер Вадим Филашкин, пренесе Киев Индипендент.

Источниот фронт кај Покровск во последните месеци беше место на жестоки борби и центар на руската офанзива во регионот на Доњецк, бидејќи градот е важен логистички центар за украинските сили.

Властите на Покровск на 15 август ги повикаа жителите да се евакуираат, откако руските сили пристигнаа на 10 километри од периферијата на градот. Модуларната пречистителна станица која го снабдуваше Покровск со вода престана да работи поради актуелните борби во областа.

-Во моментов е невозможно да се продолжи со работа. Работиме на решавање на овој проблем, рече Филашкин, откако вчера тој изјави дека руските сили ја уништиле пумпата што го снабдувала Покровск со гас.

До почетокот на септември, во Покровск престојуваа околу 26.000 луѓе. Во јануари 2022 година, градот имал околу 60.000 жители.

Од почетокот на овој месец, со влошувањето на безбедносната ситуација, и железничката станица во Покровск е затворена за евакуација на цивилите. Во моментов почнуваат евакуации од железничката станица во Павлохрад, во Дњепропетровскиот регион, град што се наоѓа на околу 100 километри западно од Покровск. сд/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан