• петок, 27 декември 2024

Рускиот суд осуди американски државјанин ​​на 13 години затвор за трговија со дрога

Рускиот суд осуди американски државјанин ​​на 13 години затвор за трговија со дрога

Москва, 18 јули 2024 (МИА) - Рускиот суд денеска го осуди американскиот државјанин Мајкл Тревис Лик ​​на 13 години затвор под обвинение за трговија со дрога, објавија странските агенции, повикувајќи се на соопштение на Московската судска служба.

„Лик, музичар и поранешен паравоен припадник на американската армија, кој живее во Москва од 2010 година, беше прогласен за виновен за продажба на дрога во особено големи количини“, соопшти судската служба.

Како што е наведено, Лик бил осомничен за продажба на мефедрон, кој има ефекти слични на оние на кокаинот. Тој беше обвинет за производство или дистрибуција на дрога, што предвидува казна затвор до 20 години. паг/

Фото: МИА архива

 


 

 
 
 

 

 

Остани поврзан