• сабота, 23 ноември 2024

Рускиот суд го продолжи притворот на дописникот на Волстрит журнал, Гершкович

Рускиот суд го продолжи притворот на дописникот на Волстрит журнал, Гершкович

Москва, 28 ноември 2023 (МИА) - Рускиот суд му го продолжи притворот на дописникот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович за уште два месеца.

„Регионалниот суд Лефортов во Москва го продолжи периодот на притвор на дописникот на американското издание 'Волстрит журнал', Еван Гершкович за уште два месеца, до 30 јануари, соопшти прес-службата на судот.

Гершкович беше уапсен на 29 март во уралскиот град Екатеринбург под обвинение за шпионажа, што предвидува затворска казна до 20 години. Новинарот ги негира обвинувањата. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан