• сабота, 16 ноември 2024

Рускиот „Ди Каприо“ не успеа како глумец

Рускиот „Ди Каприо“ не успеа како глумец

Москва, 8 октомври 2024 (МИА) - Несудениот глумец Роман Бурцев (41), познат како „рускиот двојник“ на американскиот глумец Леонардо ди Каприо, добил покана и ѝ се придружи на Руската армија, откако не успеа во глумата и филмската индустрија, пишува британски „Сан“ (The Sun).

Бурцев, инаку, е осум години помлад од холивудската ѕвезда. Рускиот актер и самиот во една прилика забележал дека не добива деловни можности поради неговата зголемена тежина, но и поради Ковид-кризата којашто се случила во неповолен миг во неговиот живот. Иако очекувал дека улогата на „двојник“ ќе му донесе одредена слава, пари и статус, сепак учеството во реклами не е доволно за тоа.

Бурцев нема дури ни своја страница на Светската филмска база на податоци - ИМДБ.

Пред да стане глумец во реклами и слични ситни проекти, Русинот работел како ИТ-специјалист, живеел со своите родители и една мачка во изнајмен стан во Подолск, близу Москва. Бидејќи глумата не му донела очекувани резултати, повремено работел на пазар и во продавница за железарија...

Но, тоа не било доволно за тој да биде финансиски стабилен, па завршил во Руската армија.  си/ссм/

Фото: „Фејсбук“-страница на Роман Бурцев

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан