• недела, 24 ноември 2024

Рускиот амбасадор во Италија повикан на разговор поради шпионска афера

Рускиот амбасадор во Италија повикан на разговор поради шпионска афера
Рим, 31 март 2021 (МИА) - Рускиот амбасадор во Италија е повикан во Министерството за надворешни работи утрово по апсењето на италијански офицер за шпионажа во корист на Русија, соопшти Министерството во Рим. - По наредба на шефот на италијанската дипломатија Луиџи Ди Мајо, „го покани рускиот амбасадор Сергеј Разов на разговор“, се додава во соопштението на италијанското МНР. Според полицијата, италијанскиот поморски офицер бил уапсен за шпионажа во корист на Русија, заедно со руски офицер на кој му предал „доверливи“ документи. Полицијата синоќа „уапси офицер на морнарицата“, соопштија карабинерите, прецизирајќи дека исто така е приведен и руски офицер. ми/

Остани поврзан