• вторник, 24 декември 2024

Руска пратеничка: Бајден ризикува трета светска војна

Руска пратеничка: Бајден ризикува трета светска војна

Москва, 18 ноември 2024 (МИА) - Руската пратеничка Марија Бутина рече дека администрацијата на претседателот Џо Бајден, дозволувајќи и на Украина да користи американско оружје за напади длабоко во Русија, ризикува да избие трета светска војна.

„Администрацијата на Бајден се обидува да ја ескалира ситуацијата до максимум додека тие се уште имаат моќ и додека се уште се на власт“, ​​рече Бутина.

„Се надевам дека (Доналд) Трамп ќе ја смени одлуката, бидејќи сериозно го ризикуваат почетокот на третата светска војна, што не е во ничиј интерес“, додаде таа.

Странските агенции во неделата објавија дека администрацијата на Бајден ги укинала ограничувањата што претходно ја спречуваа Украина да користи американско оружје за да напаѓа длабоко на руска територија. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан