• вторник, 12 ноември 2024

Руска корвета и бродови на кинеската морнарица изведоа вежби во Филипинското Море

Руска корвета и бродови на кинеската морнарица изведоа вежби во Филипинското Море

Москва, 9 јули 2024 (МИА) - Корветата „Sovershenniy“ на Пацифичката флота на Русија, заедно со воени бродови на кинеската морнарица, извеле вежби за потрага по сомнителен брод за време на заедничка патрола во Филипинското Море, јавија руските медиуми.

Корветата „Sovershenniy“ на Тихоокеанската флота заедно со одред од воени бродови на Воената морнарица на Народноослободителната војска на Кина составена од разурнувачот „Yinchuan“, фрегатата „Hongshui“ и универзалниот транспортен и снабдувачки брод „Weishanhu“ извршија вежби за пребарување сомнителен брод во текот на заедничката поморска патрола во водите на Филипинското Море.

За време на потрагата по сомнителниот брод, руските и кинеските воени морнари разработија алгоритам за заеднички акции на групите за пребарување, соопшти прес-службата на Источниот воен округ на Русија. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан