• сабота, 23 ноември 2024

Руската компанија за кибер безбедност Касперски Лаб ги прекинува операциите во САД

Руската компанија за кибер безбедност Касперски Лаб ги прекинува операциите во САД

Вашингтон, 16 јули 2024 (МИА) - Руската компанија за кибер безбедност Касперски Лаб соопшти дека ќе ги прекине своите операции во САД по речиси две децении откако Министерството за трговија и забрани на компанијата да ги продава своите производи во САД.

„Компанијата внимателно го испита и процени влијанието на американските законски барања и ја донесе оваа тажна и тешка одлука бидејќи деловните можности во земјата повеќе не се одржливи“, се вели во соопштението на компанијата.

Затворањето на компанијата и отпуштањето на вработените во САД ќе биде постепено и ќе започне од 20 јули, јави Си-Ен-Ен. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан