• среда, 25 декември 2024

Руската економија под притисок: каматната стапка скокна на рекордни 21 отсто

Руската економија под притисок: каматната стапка скокна на рекордни 21 отсто

Москва, 25 октомври 2024 (МИА) - Централната банка на Русија ја зголеми референтната каматна стапка за 200 базични поени и најави можност за ново зголемување следниот месец, поради растечки инфлаторни притисоци, јави германската агенција ДПА.

Банката ја зголеми клучната стапка на рекордни 21 отсто од претходните 19 отсто, како дел од обидите за контролирање на инфлацијата. Досега, каматната стапка е зголемена за 1.350 базични поени од јули 2023 година.

„Централната банка остава можност за зголемување на клучната стапка на следната седница,“ се вели во изјавата на Банката.

Инфлацијата до крајот на годината се очекува да биде меѓу 8% и 8,5%, додека се очекува намалување на 4,5% до 5% следната година.

- Денешното зголемување е доказ дека и покрај напорите на претседателот Владимир Путин на овонеделниот самит на БРИКС да ја прикаже руската економија како непропустлива, војната создава значителни предизвици за креаторите на политиката, рече економистот на Капитал Економикс, Николас Фар. ссм/

фото: архива

Остани поврзан