Руската Дума го ратификуваше договорот за стратешка соработка со Иран
- Руската Дума денеска го ратификуваше 20-годишниот договор за стратешка соработка со Иран.

Москва, 8 април 2025 (МИА) - Руската Дума денеска го ратификуваше 20-годишниот договор за стратешка соработка со Иран.
Договорот за сеопфатна стратешка соработка беше потпишан од рускиот претседател Владимир Путин и неговиот ирански колега Масуд Пезешкијан на 17 јануари во Москва.
Според документот, Москва и Техеран ќе се консултираат и ќе соработуваат во случај на воени и други закани за нивната безбедност.
Покрај тоа, тие ќе спроведат заеднички воени вежби на територијата на двете земји и во други региони.
Договорот го консолидира статусот на стратешки партнери на Русија и Иран и ги опфаќа сите области, вклучително и одбраната, антитероризмот, енергијата, финансиите, транспортот, индустријата, земјоделството, културата, науката и технологијата. мс/
фото: МИА архива