• среда, 18 декември 2024

Руската армија урна брана за да го врати водоснабдувањето на Крим

Руската армија урна брана за да го врати водоснабдувањето на Крим

Москва, 26 февруари 2022 (МИА) - Руските војници ја урнаа браната, изградена во 2014 година, што го отсече Севернокримскиот канал од реката Днепар, прекинувајќи го снабдувањето со вода за Крим и зазедоа аеродром на југ што ќе им овозможи побрзо да напредуваат кон Мариупол, објавија руските медиуми.

По блокадата, лидерот на Кримската Република Сергеј Аксјонов им нареди на граѓаните да го ограничат користењето на водата.
Германската агенција ДПА јави дека руски војници окупирале стратешки важен аеродром на југот на земјата, според извори од локалната власт.
Тешка руска воена опрема е на аеродромот, а градот Бердјанск е опколен со руски војници кои сакаат брзо да напредуваат оттаму кон Мариупол и да го преземат насилно.
Мариупол е блиску до источната украинска сепаратистичка провинција и е последното големо пристаниште под контрола на владата во Киев на Азовското Море.
Властите таму наредија полициски час. паг/
   

Остани поврзан