• вторник, 24 декември 2024

Руската армија соопшти дека зазела две села во источна Украина

Руската армија соопшти дека зазела две села во источна Украина

Москва, 29 август 2024 (МИА) - Руските сили денеска соопштија дека ги зазеле селата Стелмаховка во Луганската област и Николаевка во Доњецката област, пренесоа агенциите, повикувајќи се на информации од Министерството за одбрана.

Населбата се наоѓа на петнаесетина километри од Покровск, главен логистички центар кој веќе неколку недели е цел на руските трупи кои напредуваат кон неа.

Руската офанзива ги принуди локалните власти да наредат евакуација на семејствата со деца од градот и неговата околина на 19 август. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан