• четврток, 27 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Авион Су-25 се урна во Русија

Авион Су-25 се урна во Русија

Москва, 24 март 2025 (МИА) - Напаѓачки авион Су-25 се урна во Приморската област во Русија. Пилотот успеал да се катапултира и бил евакуиран од спасувачката екипа, соопшти руското Министерство за одбрана.

„Летот беше изведен без муниција, авионот се урнал во ненаселена област, нема штета на земјата“, се вели во соопштението.

Според првичните податоци, причина за несреќата е технички дефект. На местото каде се урна авионот е испратена комисија од руските воздухопловни сили поради откривање на причините за урнувањето. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан