• сабота, 28 декември 2024

Русија – Украина инвазија: НАСТАНИ во денот  

Русија – Украина инвазија: НАСТАНИ во денот  
Киев, 25 март 2022 (МИА)   Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Киев и Москва се согласуваат за техничките прашања во мировните преговори, но додаде дека двете страни се уште се поделени кога станува збор за територијални прашања како што е Крим. Русија не може да ја уценува Европа со своите енергетски ресурси и нема да ѝ биде дозволено да ги заобиколува и избегнува санкциите барајќи плаќање во рубљи за нејзините испораки на нафта и гас, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Од почетокот на војната во Украина, руските војници убиле речиси 200 цивили во градот Чернигов, изјави Вјачеслав Чаус, началник на Регионалната воена управа на Чернигов. – Чернигов е под постојан напад. Луѓето умираат. Ако пред два или три дена зборував за „Чернигов 100“, сега можам да кажам дека речиси 200 цивили веќе се убиени во овој град, истакна Чаус. Бајден: Русија треба да биде исклучена од Г-20 како одговор на војната во Украина. Зборувајќи на самитот на Г7 во Брисел, Бајден кажа дека западните лидери денеска разговарале и за оваа тема, но не е познато дали сите 20 земји ќе се согласат на тоа. Зголемената потрошувачка за одбрана на западните земји , според папата Франциск е лудило и мора да се најде нов начин за воспоставувањее на рамнотежа на светските сили. Вооружените сили на Украина објавија дека Русија распоредува оружје во соседна Белорусија. „Целта е да се обидат да се подготват и изведат офанзивни операции за опсадата на градот Киев“, се вели во соопштението на вооружените сили. САД денеска наметнаа нови санкции поради руската инвазија на Украина, во списокот се додаваат 328 претставници на Државната дума, рускиот Парламент, што е, исто така, санкциониран како институција. Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска изјави дека западните земји се подготвени да ги зајакнат санкциите против Русија. Американскиот претседател Џо Бајден денеска на самитот на НАТО во Брисел најави дека САД ќе и испратат на Украина оружје и друга безбедносна и одбранбена опрема во вредност од една милијарда американски долари. Г-7 ја предупредија Русија да не користи биолошко, хемиско или нуклеарно оружје Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен оцени дека со денешното присуство на лидерите на ЕУ, САД, Велика Британија и Канада, Брисел стана „центарот на слободниот свет“. Нашите врски се посилни од кога било. Одлучивме да ја зајакнеме нашата поддршка за Украина, да ги заостриме санкциите против Русија и да се ослободиме од руските фосилни горива, рече фон дер Лајен. САД и Русија на крајот ќе ги вратат нормалните односи, можеби не наскоро, но тоа ќе се случи, изјави денеска американскиот амбасадор во Москва, Џон Саливан. Франција во средата успешно тестираше модернизирана верзија на својата балистичка ракета со среден дострел АСМПА, кој може да носи нуклеарно полнење, соопшти во четвртокот француското Министерство за одбрана. По успешното тестирање АСМПА оди во пошироко производство, а потоа во француската армија. Руските сили извршиле повеќе од 1.800 воздушни напади во Украина од почетокот на руската инвазија пред еден месец. Дополнително, стотици проектили се испукани врз украински цели од земја и вода, вклучително 175 „Искандер“ ракети и 183 „Калибар“ проектили, објави украинското Министерство за одбрана.

Остани поврзан