• сабота, 28 декември 2024

Русија ќе ја тестира вакцината против коронавирус на деца следната година

Русија ќе ја тестира вакцината против коронавирус на деца следната година
Москва, 4 август 2020 (МИА) - Националниот истражувачки центар „Гамалеи“ во Русија планира да започне со тестирање на вакцината против коронавирусот на деца во периодот јануари - февруари следната година, изјави директорот на Центарот, Александар Гинцбург. Тој рече дека Институтот никогаш не спровел тестирање на деца. - Педијатрите ги знаат овие специфики, па заедно со нив подготвуваме документација што ќе ја доставиме до Министерството за здравство за да можеме да спроведеме тестови на деца, но само откако ќе ги завршиме сите тестови на возрасните, рече Гинцбург. Според него, тестирањето врз децата ќе започне во текот на зимата, бидејќи третата фаза од тестирањето за вакцината против коронавирусот за возрасни ќе трае околу пет месеци. - Се надевам дека вакцината ќе биде погодна за деца, но според рускиот закон, вакцината може да се тестира на деца само кога ќе помине целиот циклус на тестирање на возрасни, појасни Гинцбург. паг/  

Остани поврзан