• вторник, 24 декември 2024

Русија ќе ја обжали суспензијата од ФИФА и УЕФА

Русија ќе ја обжали суспензијата од ФИФА и УЕФА
Москва, 3 март 2022 (МИА) – Руската фудбалска федерација соопшти денеска дека ќе поднесе жалба до Судот за спортска арбитража (CAS) во Лозана, откако националниот тим беше исфрлен од претстојниот мундијалски бараж, како и од сите други меѓународни натпреварувања. Руската фудбалска репрезентација требаше на домашен терен на 24 март да ја пречека Полска во полуфиналниот бараж натпревар за пласман на Мундијалот во Катар. ФИФА и УЕФА на 28 февруари донесоа одлука за суспензија на руските репрезентации и клубови, како одговор на инвазијата на Украина. ег/гт/

Остани поврзан