• петок, 27 декември 2024

Русија ќе регрутира војници и преку интернет

Русија ќе регрутира војници и преку интернет

Москва, 11 април 2023 (МИА) – Долниот дом на рускиот Парламент едногласно изгласа измените на законот со цел да се олесни мобилизацијата, и да се отежне избегнување на регрутирањето.

Измените предвидуваат воведување електронски систем за воено регрутирање односно електронски повици преку интернет.

Досега документите за регрутирање во Русија требаше да се поднесуваат лично во локална воена канцеларија или преку работодавецот. Со измените на законот, документите за регрутација би се испраќале по пошта и преку интернет.

По добивањето на електронската покана, на граѓаните кои нема да се појават во воената канцеларија автоматски ќе им биде забрането да патуваат во странство. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан