• недела, 06 октомври 2024

Русија ќе испрати најново оружје и опрема во Белорусија

Русија ќе испрати најново оружје и опрема во Белорусија
Москва, 11 март 2022 (МИА) - Русија денеска потврди дека во блиска иднина на Белорусија ќе и испорача најново оружје и воена опрема, соопшти белоруската новинска агенција Белта. Државната белоруска новинска агенција објави дека тоа е дел договорот постигнат на денешната средба во Москва меѓу лидерите на Русија и Белорусија. Белта, исто така, информира дека рускиот претседател Владимир Путин и белорускиот лидер Александар Лукашенко на состанокот во Кремљ се договориле за заеднички чекори за меѓусебна поддршка во справувањето со западните санкции, вклучително и цените на енергенсите. ссм/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан