• сабота, 28 декември 2024

Русија ќе добие 200 респиратори од САД

Русија ќе добие 200 респиратори од САД
Вашингтон, 16 мај 2020 (МИА) - САД ќе и донираат 200 респиратори на Русија, како помош во борбата против епидемијата со новиот коронавирус. Респираторите ќе бидат доставени преку воен транспорт. Првите 50 респиратори произведени во Калифорнија в среда ќе бидат подготвени за испорака до хирушкиот центар во Москва, додека другите 150 респиратори ќе бидат подготвени за достава до 26 мај. Респираторите што ќе бидат донирани на Москва чинат околу 4,7 милиони долари. Американски претставници изјавија дека респираторите се наменети за граѓаните на Русија и оти донацијата не е сигнал за партнерство со руската армија. Руските власти во средата ја суспендира употребата на респираторите Авента-М, од руско производство, по неколкуте пожари во Москва и во Санкт Петербург, предизвикани од тие апарати. Русија со 272.000 случаи е втора земја во светот по бројот на заразени луѓе со новиот коронавирус, а на прво место е САД. ми/

Остани поврзан