• четврток, 26 декември 2024

Русија ја повлече потерницата за Тихановскаја

Русија ја повлече потерницата за Тихановскаја
Москва, 15 јуни 2021 (МИА) - Руската полиција ја укина потерницата по белоруската опозиционерка Светлана Тихановскаја, што беше распишана на иницијатива на белоруските власти. Тихановскаја од минатата година, откако претседателот Алексанадар Лукашенко го освои шестиот мандат, е во егзил. Таа беше противкандидат на Лукашенко и одби да ги прифати изборните резултати, тврдејќи дека се наместени, и пребегна во Литванија. Белорусија во октомври издаде меѓународна потерница по Тихановскаја под обвинение дека ја загрозува белоруските национална безбедност. ми/  

Остани поврзан