• сабота, 23 ноември 2024

Русија тестирала анти-сателитско оружје, за САД тоа е редок и потенцијално опасен настан

Русија тестирала анти-сателитско оружје, за САД тоа е редок и потенцијално опасен настан
Вашингтон, 15 ноември 2021 (МИА)  - САД се загрижени што Русија изминатиот викенд извршила голем тест на анти-сателитско оружје, изјавија двајца американски претставници за Си-Ен-Ен, изјавувајќи дека ова можеби создало потенцијално опасно поле со отпад во вселената. Американската вселенска команда потврди дека се случил редок и потенцијално опасен „настан за создавање отпад“, но не наведе детали, ниту, пак, ја спомена Русија. Двајцата официјални претставници изјавија дека Стејт департментот се подготвува денеска да издаде соопштение. Овие типови на настани вообичаено се предизвикани од тестови на анти-сателитско оружје што вклучуваат ракета од земја што удираат во сателит и создаваат големо поле со отпад. Едно од официјалните лица изјави дека ракетата била лансирана од копното на цел во орбитата. -Ние активно работиме на карактеризирање на полето со отпад и ќе продолжиме да гарантираме дека сите нации кои се наоѓаат во вселената да ги имаат потребните информации за маневрирање со сателитите во случај на судир, рече портпаролот на Вселенската команда. „Ние сме, исто така, во процес на работа со меѓуагенцијата за овие извештаи, вклучувајќи ги и Стејт департментот и НАСА,  и во блиска иднина ќе обезбедиме ажурирани информации“. Екипажот на Меѓународната вселенска станица денеска мораше брзо да облече вселенски одела и да влезат во своите вселенски летала во случај некои остатоци што оттаму минуваат да ја погодат станицата. Останува, меѓутоа, нејасно дали овие фрагменти се формирани за време на руското тестирање на анти-сателитско оружје. сд/

Остани поврзан