• недела, 24 ноември 2024

Русија тврди дека Украина употребила хемиско оружје во регионот Запорожје

Русија тврди дека Украина употребила хемиско оружје во регионот Запорожје
Москва, 20 август 2022 (МИА) - Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека украинските сили употребиле отровни материи против руската војска во регионот на Запорожје. - На заднината на воените порази во Донбас и другите региони, режимот на Зеленски одобри терористички напад со употреба на хемиски отрови против руски воен персонал и цивили. На 31 јули, рускиот воен персонал, кој беше на должност во областа на селото од Васиљевка, Запорожје, префрлен е во воена болница со знаци на тешко труење, се наведува во соопштението на руското МО. Исто така се тврди дека на телата на воениот персонал бил пронајден ботулински токсин тип Б. Руското МО најави дека подготвува документи кои потврдуваат дека Украина извршила напад со хемиско оружје и ќе ги достави до Организацијата за забрана на хемиско оружје во „блиска иднина“. Ботулинскиот токсин тип Б е отровна супстанција, произведена од клетките на бактеријата „Клостридиум ботилинум“ (Clostridium botulinum). Отровот предизвикува еден вид труење со храна наречено ботулизам, при што пациентите страдаат од мускулна слабост и парализа. ми/

Остани поврзан