• недела, 27 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Русија соопшти дека во текот на ноќта уништила 11 украински дронови

Русија соопшти дека во текот на ноќта уништила 11 украински дронови

Москва, 6 април 2025 (МИА) - Руската воздушна одбрана пресретнала и уништила 11 украински дронови синоќа, соопшти руското Министерство за одбрана.

Дроновите се уништени над пограничните региони Курск и Белгород, како и над јужниот регион Ростов, објави Министерството во публикација на апликацијата Телеграм.

Привремениот гувернер на Ростовската област, Јуриј Сљусар, претходно на Телеграм напиша дека нема извештаи за повредени лица во нападот, но остатоци од уништените дронови паднале врз административни згради во една од областите. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан