• понеделник, 28 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Русија синоќа ја нападнала Украина со 145 дронови

Русија синоќа ја нападнала Украина со 145 дронови

Киев, 10 април 2025 (МИА) – Украинските воздухопловни сили денеска соопштија дека Русија синоќа лансирала 145 дронови од кои 85 биле соборени.

Вкупно 49 дронови ги промашиле своите цели, најверојатно како последица на мерките за електронско војување. Украинските воздухопловни сили не прецизираа што се случило со преостанатите 11 дронови.

Рускиот напад предизвикал штети во регионите Доњецк, Харков, Киев, Хмељницки, Полтава и Миколаев. Десет лица се повредени во Миколаев, а две во главниот град Киев.

Регионалниот гувернер на Миколаев Виталиј Ким соопшти дека во рускиот напад биле оштетени девет станбени згради, 30 гаражи и една административна зграда. јт/

Фото: Виталиј Ким на Х

Остани поврзан