• вторник, 19 ноември 2024

Русија: Санкциите на ЕУ се чекор кон деградација на односите

Русија: Санкциите на ЕУ се чекор кон деградација на односите
Москва, 22 февруари 2021 (МИА) – Руското Министерство за надворешни работи вечерва соопшти дека новите најавени санкции на Европската унија против Русија се незаконски и предизвикуваат разочарување во Москва. Министрите за надворешни работи на ЕУ претходно се согласија дека Брисел ќе воведе санкции за четворица високи функционери блиски до рускиот претседател Владимир Путин, како одговор на притворот за опозицискиот лидер Алексеј Навални. Руското Министерство за надворешни работи преку соопштение оцени дека ЕУ ја пропуштила можноста да го смени својот курс кон Русија. Претседателот на Комитетот за меѓународни работи на Државната дума на Русија, Леонид Слуцки, вели дека новите санкции на ЕУ нема да останат без одговор од Русија. - Санкциите на Европската унија поради случајот Навални ќе бидат уште еден чекор кон деградација на односите со Русија, изјави Слуцки. јт/

Остани поврзан