• четврток, 26 декември 2024

Русија протерува двајца фински дипломати

Русија протерува двајца фински дипломати
Москва, 17 мај 2022 (МИА) - Русија прогласи двајца дипломати од  Aмбасадата на Финска во Москва за „персона нон грата“, соопшти руското Министерство за надворешни работи. Финскиот амбасадор во Москва денеска бил повикан во руското Министерство за надворешни работи, каде му е врачен протест поради протерување на двајца службеници во Руската амбасада во Хелсинки. За руското МНР неприфатливи се и испораките на оружје за Украина, како и текот на конфронтацијата на Финска со Русија. Се наведува дека протерувањето на финските дипломати, се одговор на Москва на тие активности во Финска. бд/ми/

Остани поврзан