• сабота, 23 ноември 2024

Русија изминатата ноќ ги бомбардираше украинските градови со проектили

Русија изминатата ноќ ги бомбардираше украинските градови со проектили

Киев, 8 јануари 2024 (МИА) - Руските воздухопловни сили уште еднаш ја бомбардираа Украина со проектили.

Украинските медиуми утрово објавија дека има експлозии околу југоисточниот украински град Днипро.

Според набљудувачите, речиси десетина стратешки бомбардери истрелале крстосувачки ракети врз цели во Украина. Биле распоредени и хиперсонични ракети од типот Кинжал (Кама).

Во Украина беа издадени предупредувања за воздушен напад.

Земјата се брани од руската инвазија повеќе од 22 месеци. Москва веќе распореди илјадници проектили против цели во Украина.

Украинските власти вчера соопштија дека две лица загинаа, а две се ранети во руското гранатирање на Херсон, додека едно е убиено и двајца се ранети во напад на населба во близина на Купјанск во областа Харков. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан