• сабота, 23 ноември 2024

Русија почна контраофанзива во Курскиот регион

Русија почна контраофанзива во Курскиот регион

Москва, 11 септември 2024 (МИА) - Руските сили започнаа значајна контраофанзива против украинските војници кои минатиот месец влегоа во западна Русија и зазедоа дел од територијата, објавија промосковските воени блогери.

На 6 август, Украина го започна најголемиот странски напад врз Русија од Втората светска војна, пробивајќи ја границата во рускиот регион Курск со илјадници војници поддржани од големи количини беспилотни летала и тешко оружје, вклучително и оружје од западно производство.

Јури Подољак, проруски воен блогер роден во Украина и уште двајца влијателни блогери, Рибар и Два војника, изјавија дека руските сили започнале значајна контраофанзива во Курск. „Во регионот Курск, руската армија започна контраофанзивни дејства на западното крило на непријателскиот клин, намалувајќи ја украинската контролна зона во близина на државната граница“, се наведува на блогот „Два војника“. 

Подољак вели дека руските сили зазеле неколку села во западниот дел на Русија претходно разделен од Украина, потиснувајќи ги украинските сили источно од реката Малаја Локња, јужно од селото Снагоста. 

Во соопштенијата на руското Министерство за одбрана има малку информации за борбите. Од Украина засега нема коментар за ситуацијата. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан