• среда, 18 декември 2024

Русија повика утре да се одржат итни консултации во Советот за безбедност на ОН за Сирија

Русија повика утре да се одржат итни консултации во Советот за безбедност на ОН за Сирија

Москва, 8 декември 2024 (МИА) - Русија повика утре да се одржат итни консултации во Советот за безбедност на Обединетите нации за Сирија, изјавил извор од ОН за руските медиуми.

Изворот рекол дека Русија побарала консултации во врска со последните настани во Сирија и нивните последици за мисијата на ОН во таа земја - УНДОФ, чија улога е да ги раздвојува сириските и израелските војници на Голанската висорамнина.

На консултациите треба да присуствуваат заменик-генералниот секретар на ОН, Розмари Ди Карло и заменик-генералниот секретар на Светската организација за мировни операции Жан-Пјер Лакроа.

Заменик - постојаниот претставник на Русија во ОН, Дмитриј Пољански денеска изјави дека Русија внимателно ја следи ситуацијата во Сирија и ќе ја разгледа во наредните денови.

„Она што се случува во Сирија покренува многу прашања за сите“, рече Пољански. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан