• среда, 25 декември 2024

Русија планира да воспостави офшор зона на Курилските Острови

Русија планира да воспостави офшор зона на Курилските Острови
Москва, 22 август 2021 (МИА) -  Русија има намера да формира слободна даночна зона на Курилските Острови, изјави вицепремиерот Јуриј Трутњев во интервју за весникот РБЦ. Курилските Острови се наоѓаат на рускиот Далечен Исток во близина на полуостровот Камчатка - Тоа практично ќе биде офшор зона. Со други зборови, речиси и да нема да има даноци на Курилските Острови, откри тој, додавајќи дека ниту компаниите, ниту луѓето што ќе вршат инвестиции и комерцијални активности на островите нема да мора да плаќаат данок. Се уште се разговара за точните износи на преостанатите такси што би се платиле, истакна Трутњев. Тој, исто така, изјави дека било предложено да нема даночни инспекции во тој регион најмалку десет години. Минатата недела, рускиот премиер Михаил Мишустин им нареди на надлежните органи да поднесат предлози за специјална даночна шема за Курилските острови до 1 септември. Според текстот, организациите што работат на островите треба да бидат ослободени од плаќање данок на добивка, данок на додадена вредност (ДДВ), данок на имот, како и даноци за земјиште и транспорт. Покрај тоа, намерата е да се воведат пониски задолжителни плаќања за премии за осигурување по стапка од 7,6 проценти. „Потребна е посебно упатство за дополнителни мерки за поддршка на претприемачите во регионот Сахалин. Зборуваме за воведување на посебен даночен режим на територијата на Курилските Острови “, рече Мишустин, се вели во соопштението на владината прес -служба. Според него, планот вклучува создавање слободна царинска зона на Курилските Острови, што е неопходна мерка за поддршка на производителите кои ќе увезуваат стока и опрема на островите. Ќе остане во сила оданочувањето на физичките лица во однос на персоналниот данок на доход, како и данокот за производство на акцизни стоки, за уловот на рибарските вредни биолошки ресурси и за активностите за финансиско посредување. Премиерот рече дека новите мерки се клучни за луѓето кои работат на Курилските Острови, за да не губат време со пополнување документи и да имаат единствени економски услови поради климатските услови и работата на островите. ссм/

Остани поврзан