• недела, 24 ноември 2024

Русија отвори конзуларна канцеларија во Северен Кипар

Русија отвори конзуларна канцеларија во Северен Кипар

Никозија, 10 август 2023 (МИА) - Русија одлучи да отвори конзуларно претставништво во Северен Кипар, самопрогласена република признаена само од Турција.

Ваквата вест ја соопшти лидерот на кипарските Турци, Ерсин Татар, нагласувајќи дека Русија ги иницирала чекорите за отворање на канцеларијата. 

Според Татар, Велика Британија веќе има конзуларно претставништво на овој дел од кипарскиот остров и дека за нив не би било проблем, доколку Русија го направи истото.

-Тука има голем број Руси и затоа е нормално оваа земја да има своја канцеларија, изјави Татар за локалните медиуми.

Шефот на дипломатијата на кипарските Турци, Таксин Ертугрулоглу, кажа дека „Русија сака да отвори канцеларија за давање конзуларни услуги за своите граѓани и дека тоа не треба да се толкува како признавање на Турската Република Северен Кипар“.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган неодамна отвори нов аеродром во Северен Кипар со капацитет да опслужува десет милиони патници годишно. 

Турција има повеќе од 35.000 војници во северниот дел на Кипар. сд/

фото:Википедија

Остани поврзан