• среда, 25 декември 2024

Русија осуди софтверски експерт на тринаесет и пол години затвор поради шпионажа во корист на САД

Русија осуди софтверски експерт на тринаесет и пол години затвор поради шпионажа во корист на САД

Москва, 29 октомври 2024 (МИА) - Руски суд осуди софтверски експерт на тринаесет и пол години затвор поради обвинувања за државна измама, откако се обидел да пренесе тајни документи на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), објави Федералната служба за безбедност (ФСБ).

Руските медиуми објавија дека осудениот, Фируз Дадобоев, има двојно – руско и американско државјанство.

ФСБ, наследникот на советската разузнавачка служба КГБ, соопшти дека Дадобоев се обидел да пренесе стекнати по незаконски пат државни тајни на претставник на ЦИА. Тој бил уапсен во октомври 2022 година во шума. Во руските медиуми беше објавено видео од неговото приведување.

- Утврдено е дека Ф.Т. Дадобоев, поседувајќи информации добиени на незаконски начин, кои претставуваат државна тајна, имал намера да ги предаде на американската разузнавачка служба, соопшти ФСБ. - За таа цел, тој воспоставил контакт со ЦИА.

ФСБ соопшти дека тој ја признал вината. Повеќе детали за природата на информациите кои ги планирал да ги пренесе на ЦИА не се објавени. ссм/

фото: Пиксабеј

Остани поврзан