• четврток, 26 декември 2024

Русија организира евакуација на повеќе од 500 луѓе од Авганистан

Русија организира евакуација на повеќе од 500 луѓе од Авганистан
Москва, 25 август 2021 (МИА) - Русија организира евакуација на повеќе од 500 луѓе од Авганистан, потврди денеска Министерството за одбрана. Според планот за евакуација на руската армија, четири транспортни авиони треба да превезат над 500 руски државјани и државјани на земјите на Организацијата за договор за колективна безбедност, Белорусија, Казахстан, Киргистан и Таџикистан, како и Украина, пренесува агенцијата ТАСС. „Четири авиони за таа цел се групирани и чекаат дополнителни упатства во Улјановск, а секој авион е опремен со медицински персонал и материјали за да ја обезбеди потребната медицинска помош за време на летот“, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана. паг/  

Остани поврзан