• среда, 25 декември 2024

Русија објави дека освоила две села во клучните области на источниот фронт на Украина

Русија објави дека освоила две села во клучните области на источниот фронт на Украина

Москва, 6 декември 2024 (МИА) - Руската армија денеска објави дека освоила две села лоцирани во клучните области на фронтот - на периферијата на градовите Покровск и Курахово во источна Украина, каде што украинските војници се борат да го запрат рускиот напредок.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека нејзините сили ја зазеле Пустинка, на десетина километри јужно од Покровск, што е важно за логистиката на украинската армија и за нејзиниот рудник за кокс, важно гориво за челичната индустрија. На југ, руската армија соопшти дека го освоила и селото Сухи Јали, југозападно од Курахово, град во близина на големо наоѓалиште на редок метал литиум.

Украинската армија, која страда од недостиг на работна сила и оружје, е во дефанзива повеќе од една година. 

Русија, која отфрли секакви отстапки, бара украинската армија да се предаде, Киев да се откаже од амбициите за влез во НАТО и да се согласи да отстапи пет нејзини региони. Овие барања се сметаат за неприфатливи од Киев и неговите западни сојузници. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан