• петок, 27 декември 2024

Русија и СЗО разговараа за итно одобрување на вакцината против Ковид-19, Спутник В

Русија и СЗО разговараа за итно одобрување на вакцината против Ковид-19, Спутник В
Москва, 7 март 2021 (МИА) - Рускиот министер за здравство Михаил Мурашко вчера разговараше со генералниот директор на Светска здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебреисус за руското барање за итно одобрување за употреба на вакцината Спутник В. - За време на разговорот тие се осврнаа и на начинот на борба против ширењето на новиот коронавирус, вклучително имунизацијата на населението, на подобрувањето на јавното здравје и за зголемување на достапноста на медицинската заштита. Разговараа и за одобрување на итна употрена на руската вакцина Спутник В, се наведува во соопштението на руското Министерство за здравство. Марушко и Гебреисус разговараа и за проектите на руското Министерство за здравство, чија цел е подобрување на јавното здравје и зголемување на пристапот до здравствената заштита. - Генералниот директор на СЗО ги пофали напорите на Русија за етапно воведување на дигиталната технологија во здравтсвениот систем, со што ќе се поедностави комуникацијата помеѓу пациентите со медицинскиот персонал и ја подобрува ефикасноста на негата, се посочува во соопштението на руското Министерство за здравство. ми/

Остани поврзан