• сабота, 23 ноември 2024

Русија и Кина: Заеднички чекори за мирно решавање конфликти на Блискиот исток

Русија и Кина: Заеднички чекори за мирно решавање конфликти на Блискиот исток
Mосква, 4 јануари 2020 (МИА) - Русија и Кина ќе преземат заеднички чекори за мирно решавање на конфликтите на Блискиот исток по убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани. Тоа се нагласува во соопштение на руското МНР по телефонски разговор меѓу министрите за надворешни работи на двете држави Сергеј Лавров и Ванг Ји. Двајцата министри нагласија неприфаќање на непочитување на Повелбата на ОН во контекст на ракетните напади на САД врз цели во Багдад во кои загина командантот на силите Ал Кудс што се дел од иранската Ревиолуционерна гарда. Тие велат дека акцијата на САД сериозни ја заострила ситуацијата во регионот. зш/

Остани поврзан