• вторник, 24 декември 2024

Русија исфрлена од управниот совет Меѓународната поморска организација

Русија исфрлена од управниот совет Меѓународната поморска организација

Лондон, 2 декември 2023 (МИА) – Откако го загуби своето место во Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиско оружје (OPCW), Русија не успеа да обезбеди реизбор во извршниот совет на агенцијата на ОН – Меѓународната поморска организација (ИМО).

ИМО со седиште во Лондон е одговорен за регулирање на безбедноста на меѓународниот бродски превоз, спречување на загадувањето и управување со други прашања. Тој обединува 175 земји-членки. Русија, долгогодишен член на Советот на ММО, беше исфрлена од извршното тело по тајното гласање за избор на 40 надзорни членови.

Исходот од гласањето беше резултат на „избезумената и политизирана кампања“ иницирана од Колективниот Запад, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи. „Од самиот почеток на изборниот циклус, западните земји и нивните штитеници од Киев си поставија единствена цел – по секоја цена да ја спречат нашата земја да биде реизбрана во Советот“, соопшти официјална Москва. јт/

Фото: ИМО

Остани поврзан