• вторник, 24 декември 2024

Русија испрати засилување долж границата со Украина во областа Курск по украинскиот напад

Русија испрати засилување долж границата со Украина во областа Курск по украинскиот напад

Москва, 6 август 2024 (МИА) - Русија испрати засилување во јужниот дел на областа Курск долж границата со Украина, каде 300 украински војници денеска нападнаа руски воени единици, објавија британските медиуми, повикувајќи се на соопштение на Министерството за одбрана во Москва.

Гувернерот на Курската област, Алексеј Смирнов изјави претходно денеска дека руските сили спречиле украински обид за инфилтрирање преку границата, но ситуацијата и понатаму е „комплицирана“.

Во меѓувреме се дознава дека има три жртви на нападот, а 18 лица се повредени.

Украинските сили со помош на беспилотно летало го нападнаа селото Комаровка во областа Курск, при што загина возач на автомобил. Друг возач на комбе загина во напад во близина на селото Нехаевка. Една млада жена исто така беше убиена претходно во текот на денот.

-Во село Белица, Беловски, е ранет локален жител. Тој бил пренесен во Окружната болница во Обојан, каде му била укажана лекарска помош. Недалеку од селото Новоивановка во Сужанско, како последица на напад со дрон, повредени се двајца локални жители кои патувале со автомобил. Во селото Политотделски во областа Глушковски, дрон нападна автомобил. Две лица се повредени, напиша гувернерот на својот канал Телеграм. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан