• вторник, 12 ноември 2024

Русија им ги одзеде акредитациите на шестмина британски дипломати

Русија им ги одзеде акредитациите на шестмина британски дипломати

Москва, 13 септември 2024 (МИА) - Русија им ја укина акредитацијата на шестмина британски дипломати, обвинувајќи ги за шпионажа.

Како што соопшти Службата за државна безбедност (ФСБ), акредитацијата на дипломатите била одземена бидејќи нивните активности ја загрозувале безбедноста на Русија.

„Врз основа на документите доставени од руската ФСБ, како одговор на бројните непријателски потези на Лондон, Министерството за надворешни работи на Русија ја укина акредитацијата на шестмина вработени во политичкиот оддел на британската амбасада во Москва, чии постапки открија знаци на разузнавање и субверзивна работа“, се вели во соопштението.

ФСБ не ги откри имињата на британските дипломати.

Разузнавачката служба предупреди дека во иднина „доколку се откријат слични дејствија меѓу вработените во британската дипломатска мисија, руската ФСБ ќе бара предвремено прекинување на нивните службени патувања во Русија“. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан