• четврток, 26 декември 2024

Русија издаде потерница по украинскиот новинар Гордон

Русија издаде потерница по украинскиот новинар Гордон
Москва, 19 јули 2022 година (МИА) - Руското Министерство за внатрешни работи издаде потерница за познатиот украински новинар Дмитриј Гордон по кривична пријава.
Во март, Русија покрена постапка против Гордон за јавно повикување на војна, поттикнување меѓународна омраза и јавно ширење лажни вести за акциите на руската војска.
Во април, Росфинмониторинг го вклучи во регистарот на терористи.
Истрагата започна откако Гордон на телевизија повика на „агресивна војна со употреба на нуклеарно оружје“ против Русија. паг/

Остани поврзан